Saturday, November 15, 2014

Њутнови закони

МЕХАНИКА:Сила
Вовед
Активност 1.
Во оваа активност можеш да истражуваш за поимот сила
1. Избери го овој линк: http://phet.colorado.edu/
Ова е screen shot  на тој website:



2. Кликни го копчето “Play with sims”.
3. Кликни “New Sims” -> Кликни “Forces and Motion: Basics”->Click “Run Now!”
4. Ќе биде потребно време да ти се појави ова:


Користи ги интрукциите од документов и симулацијата за да ја извршиш задачата.

Истражување:

1. Кликни го прозорчето “Tug of War” .

2. Постави различни човечиња на јажето.

3. Слободно направи повеќе комбинации со различен број на човечиња и истражувај што се случува.

4. Провери со “Sum of Forces” и “Values” на жолтото прозорче.

Прашања:

1.     На кој начин направи јажето да се помести на лево?

2.     На кој начин направи јажето да се помести на десно?


3.     На кој начин направи јажето да не се помести, да остане во мирување?


Објаснување:

Цел: Напиши правило како масата влијае на силата со која се дејствува. Опиши го правилото тука.

















Активност 2.

Кликни го прозорчето: “Motion”, на екранот ќе ти се појави ова:



Потребно е да знаеш:

Тело што мирува или се движи рамномерно си ја запазува состојбата на мирување или рамномерно движење се додека  не му дејствува надворешна сила.
Ако едно тело дејствува на друго тело со сила F1 и другото тело му дејствува на првото со сила F1 . Со други зборови: силите F1 и F2 се еднакви, а спротивни по насока.

Користејќи ја симулацијата пополни ги празните места во табелата.Во колоната за брзина напиши: дали се движи побрзо или побавно, за дадените тела и дадените сили што дејствуваат. за да ја пополниш табелата користи ги  “Force,” “Value,” “Masses,”и “Speed” во жолтото прозорче. Користи го“Reset All” ако треба да почнеш од почеток.

Ако треба да употребиш сила со друга/прецизна вредност/, во белото прозорче  “Newtons”впиши ја вредноста и кликни “Enter”. Ова ќе ти помогне да не го изгубиш скејтбордот, бидејќи може да се случи.

Предизвик:

Обиди се да ја погодиш вредноста на Mystery Box, и предвидувањето запиши го во табелата.




Тело
Mаса (kg)
Сила (N)
Брзина (Побрзо/побавно)
Фрижидер
200
30

Фрижидер
200
60

Фрижидер
200
100

Човек
80
30

Човек
80
60

Човек
80
100

Девојче
40
30

Девојче
40
60

Девојче
40
100

Mystery Box

30

Mystery Box

60

Mystery Box

100



Напиши правило како масата влијае на силата што дејствува:





Како ќе направиш телата да останат во мирување/да не се поместуваат?



















Активност 3.

Кликни го копчето “Friction”.
Екранот би требало да изгледа вака:





Движи го “Friction” копчето и експериментирај со различни вредности за силата. Одбери и различни тела за експериметот. Примени сила и во двете насоки. Користи го жолтото прозорче да ги штиклираш “Forces,” “Sum of Forces,” “Values,” “Masses,” и “Speed.” Прилагоди го “Friction” за да видиш што се случува кога триењето е поголемо или помало.

Прашања:

Што забележуваш за збирот на силите?


Напиши правило за собирањето на сили:






Заклучок: Спореди ги податоците од сите експерименти, и објасни како масата, триењето и брзината

Friday, November 7, 2014

задачи за рамномерно движење по кружница

1. Да се определи аголната брзина,фреквенцијата на вртење и периодот на еден камен,кој врзан за конец со должина 0,5 метри прави 8 вртежи за време од 2 секунди.

2. Едно дете врти камен во вертикална рамнина,врзан за конец цо должина 0,5 метри со фреквенција на вртење 3m/sНа која висина ќе се издигне каменот,ако конецот се скине во моментот кога брзината има насока вертикално нагоре?

3. Со каква брзина автомобилот треба да помине преку средината на испапчениот мост,чиј радиус на кивината е еднаков на 40 метри,така што центристремителното забрзување да биде еднакво по модул на забрзувањето на слободното паѓање?

4. Две материјални точки се движат по кружници со радиуси 0.2m и 0.3m. Спореди ги нивните центрипетални забрзувања во случаите:
    а) кога се еднакви нивните линиски брзини,
    б) кога се еднакви нивните периоди.

5.Стрелката  што ги покажува секундите на градскиот часовник е долга
60 cm.да се пресмета големината на линиската брзина на врвот на стрелката.

6.Три атлетичари трчаат по кружни патеки со заеднички центар.Растојанието меѓу нив е 50 cm.Брзината на атлетишарот што е најблизу до центарот е 8m/s,а радиусот на неговата патека е 30 m.Ако големината на аголните брзини на атлетичарите им е иста,да се пресметаат нивните центрипетални забрзувања.

7.Периодот на завртување на Месечината околу Земјата е 27,3 дена.Ако центрипеталното забрзување на Месечината е 0,00272m/s2,да се пресмета радиусот на орбитата на Месечината.

8.Колку пати линиската брзина на крајот на секундната стрелка е поголема од линиската брзина на крајот на минутната стрелка,ако секундната стрелка е 0,75 пати подолга од минутната стрелка.

9.Диск се врти со аголна брзина 6*3.14 rad/s.Да се пресмета центрипеталното забрзување на дискот и времето за кое ќе направи 120 завртувања,ако неговиот радиус е 3 cm.

10.Линиската брзина на периферните точки на диск е 8m/sТочка која се наоѓа на 15 cm поблиску до центарот на дискот има линиска брзина 5m/s.Да се пресмета периодот на вртење на дискот.


задачи динамика

1. Автомобил со маса 1,5 t  се движи со брзина  54km/h .Колкава е  силата на кочење ако автомобилот застанува по 100 m  изминат пат?      
           
2.Количка со маса 40 kg се движи со брзина 2 m/s  и удира во неподвижна количка по што истата добива брзина 3 m/s .Колкава е масата на неподвижната количка,ако по ударот брзината на подвижната количка се намалила на 0,5 m/s .

3.На тело што мирувало,со маса 5 kg му дејствувала сила од 10 N за време од 12 s.Колкава брзина ќе добие телото и колкав пат ќе измине под дејство на таа сила.

4.На железнички вагон којшто мирува се наоѓа ракетно оружје  со коешто се исфрлуваат ракети.Масата на ракетите е 1500 kg и тие се исфрлуваат со брзина чијашто големина е 50m/s.Ако истовремено се исфрлат две ракети во хоризонтална насока,пресметај ја големината на брзината со којашто ќе се придвижи вагонот.Масата на вагонот заедно со оружјето е 50 000kg.

5.Две топки чиишто маси се 2kg и 3kg се судираат.Пред судирот големините на нивните брзини се 10m/s и  15m/s.Ако е судирот пластичен, да се пресмета големината на нивната заедничка брзина после судирот ако помалата топка ја брка поголемата.