Friday, November 7, 2014

задачи за рамномерно движење по кружница

1. Да се определи аголната брзина,фреквенцијата на вртење и периодот на еден камен,кој врзан за конец со должина 0,5 метри прави 8 вртежи за време од 2 секунди.

2. Едно дете врти камен во вертикална рамнина,врзан за конец цо должина 0,5 метри со фреквенција на вртење 3m/sНа која висина ќе се издигне каменот,ако конецот се скине во моментот кога брзината има насока вертикално нагоре?

3. Со каква брзина автомобилот треба да помине преку средината на испапчениот мост,чиј радиус на кивината е еднаков на 40 метри,така што центристремителното забрзување да биде еднакво по модул на забрзувањето на слободното паѓање?

4. Две материјални точки се движат по кружници со радиуси 0.2m и 0.3m. Спореди ги нивните центрипетални забрзувања во случаите:
    а) кога се еднакви нивните линиски брзини,
    б) кога се еднакви нивните периоди.

5.Стрелката  што ги покажува секундите на градскиот часовник е долга
60 cm.да се пресмета големината на линиската брзина на врвот на стрелката.

6.Три атлетичари трчаат по кружни патеки со заеднички центар.Растојанието меѓу нив е 50 cm.Брзината на атлетишарот што е најблизу до центарот е 8m/s,а радиусот на неговата патека е 30 m.Ако големината на аголните брзини на атлетичарите им е иста,да се пресметаат нивните центрипетални забрзувања.

7.Периодот на завртување на Месечината околу Земјата е 27,3 дена.Ако центрипеталното забрзување на Месечината е 0,00272m/s2,да се пресмета радиусот на орбитата на Месечината.

8.Колку пати линиската брзина на крајот на секундната стрелка е поголема од линиската брзина на крајот на минутната стрелка,ако секундната стрелка е 0,75 пати подолга од минутната стрелка.

9.Диск се врти со аголна брзина 6*3.14 rad/s.Да се пресмета центрипеталното забрзување на дискот и времето за кое ќе направи 120 завртувања,ако неговиот радиус е 3 cm.

10.Линиската брзина на периферните точки на диск е 8m/sТочка која се наоѓа на 15 cm поблиску до центарот на дискот има линиска брзина 5m/s.Да се пресмета периодот на вртење на дискот.


No comments:

Post a Comment