1. Автомобил со маса
1,5 t се движи со брзина 54km/h .Колкава е силата на кочење ако автомобилот застанува по
100 m изминат пат?
2.Количка со маса 40
kg се движи со брзина 2 m/s и удира во неподвижна количка по што истата
добива брзина 3 m/s .Колкава е масата на неподвижната количка,ако по
ударот брзината на подвижната количка се намалила на 0,5 m/s .
3.На тело што
мирувало,со маса 5 kg му дејствувала сила од 10 N за време од 12 s.Колкава
брзина ќе добие телото и колкав пат ќе измине под дејство на таа сила.
4.На железнички
вагон којшто мирува се наоѓа ракетно оружје
со коешто се исфрлуваат ракети.Масата на ракетите е 1500 kg и тие се исфрлуваат со
брзина чијашто големина е 50m/s.Ако истовремено се исфрлат две ракети во хоризонтална
насока,пресметај ја големината на брзината со којашто ќе се придвижи
вагонот.Масата на вагонот заедно со оружјето е 50 000kg.
5.Две топки чиишто
маси се 2kg и 3kg се судираат.Пред
судирот големините на нивните брзини се 10m/s и 15m/s.Ако е судирот пластичен, да се пресмета големината на нивната
заедничка брзина после судирот ако помалата топка ја брка поголемата.
No comments:
Post a Comment